Далас повторно предводен од Лука Дончиќ изминатата вечер успеа да слави против Лејкерси со 119:115 во најинтересниот натпревар изминатата ноќ.

Дончиќ повторно блескаше и на двапати го „спасуваше“ Далас со клучни проени. Прво погоди тројка за продолженија, а потоа одново блесна со нова тројка за второ продолжение. Натпреварот Словенецот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции.

Со овој настап Дончиќ го повтори учинокот на Мајкл Џордан. Станувајќи првиот играч после него на возраст од 23 години или помлад кој успеал просечно да постигнува по 40 поени во период на 10 натпревари.

На спротивната страна Вестбрук беше најефикасниот со 28 поени, додека Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со учинок од 24 поени, 16 скокови и 9 асистенции.

За издвојување од вечерта е и настапот на Демијан Лилард кој постигна 50 поени, но неговиот Портланд загуби на домашен терен од Кливленд со 113:119.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Оклахома 114:133

Бруклин – Бостон 98:109

Мајами – Милвоки 108:102

Торонто – Шарлот 124:114

Портланд – Кливленд 113:119

ЛА Лејкерс – Далас 115:119 (прод.)