Никола Јокиќ беше предводник на кошаркарите од просторот на поранешна СФР Југославија кои доминираа во синоќешните мечеви во НБА, откако речиси сам му донесе значаен триумф на Денвер нагетс против Феникс санс (126-97).
Србинот за нецели 30 минути на теренот постигна 21 поен со 18 скока и девет асистенции, што на тимот од Колорадо му донесе скор 28-13 со кој е изедначен на врвот од Западот со Мемфис гризлис.
Екипата на Детроит пистонс го направи изненадувањето на вечерта со триумфот на домашен терен против Минесота тимбервулфс (135-118), за кој најзаслужен беше хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ. Тој средбата ја заврши со 27 поени, шест скока и четири асистенции. Одличен, но во поразот на Атланта хокс на домашен терен против Милвоки бакс (105-114) беше неговиот презимењак од Србија, Богдан Богдановиќ, кој средбата ја заврши со 22 поени и пет асистенции.
Црногорецот Никола Вучевиќ имаше дабл-дабл ефект во поразот на неговиот Чикаго булс од Вашингтон визардс (100-97), во меч кој беше решен со тројката на Кајл Кузма буквално во последните секунди. За одбележување е и личниот рекорд на Џајлен Браун, кој постигна 41 поен во триумфот на Бостон селтикс против Њу Орлеанс пеликанс (125-114).
РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Минесота 135- 118, Вашингтон – Чикаго 100-97, Атланта – Милвоки 105-114, Бостон – Њу Орлеанс 125-114, Њујорк – Индијана 119-113, Мемфис – Сан Антонио 135-129, Денвер – Феникс 126-97, Сакраменто – Хјустон 135-115.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]




