Во Фејсбук групата „Македонска софра“, во која нејзините членови секојдневно споделуваат бројни рецепти, Драгица од Струга откри дека подготвила варени ѓевречиња.
Го споделуваме со вас нејзиниот рецепт и можеби ќе ве мотивираме да ги направите и вие дома овие вкусни ѓевречиња.

Потребни состојки:
За тестото:
- 550g брашно
- 1,5 лажичка квасец
- 1 лажичка сол
- 300ml топла вода
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажици масло
За валкање:
- 80ml млака вода
- 1 лажица мед
- 2 ќесички сусам

Начин на подготовка:
- Од сите состојки се замесува тесто, кое не треба да се лепи.
- Се остава да стаса убаво (да се удвои), па се дели на точиња и од секое топче се прави по еден ѓеврек.
- Во длабока чинија се става 80ml млака вода и една лажица мед.
- Секое ѓеврече се става во водата, а потоа се валка во сусам, па се реди во подмачкан плех.
- Се оставаат да отстојат околу 15 минути, а потоа се печат на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.
- Послужете ги толпи или кога ќе остинат, по ваша желба.


