Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Date:

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,62% на 71,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,56% на 67,70 долари.

Вредноста на доларот и на нафтата пораснаа откако САД ги објавија податоците за инфлацијата и растот на потрошувачките цени. Порасна и вредноста на акциите. На инвеститорите веќе им е јасно дека американската централна банка нема драстично да ги намали каматните стапки како што очекуваа. Се очекува и исходот од денешната средба на лидерите на Европската централна банка на која треба да се соопшти за колку ќе се намалат каматните стапки.

САД објавија дека потрошувачките цени во август пораснаа за 0,2% на месечно ниво, очекувано, но основната стапка на раст на цените, без цената на енергијата и храната, порасна повеќе од очекуваното – за 0,3%.

Аналитичарите велат дека по овие бројки речиси е сигурно дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, а не, како што некои очекуваа, за 0,50 процентни поени.

Првата реакција од ова се почувствува на берзите. Уште вчера пораснаа индексите на Волстрит, а денеска се зголеми вредноста на доларот како и цената на нафтата.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 101,76 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,50 на 142,55 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1010 долари, додека вчера во ова време беше 1,1040 долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...