Докторите му прогнозираа три години живот, а сега се жени со 39 години помлада девојка

Date:

Познатиот актер Долф Лундгрен (65) се ожени со својата 39 години помлада партнерка Ема Крокдал (27).

Во заедничка изјава за медиумите, парот сподели како решиле да запловат во брачните води во пристаништето Миконос, каде што имаат своја вила. Гости на свадбата беа членови на семејството и неколку најблиски пријатели.

„Поради пандемијата и болничкото лекување, моравме да го поместиме датумот неколку пати“, велат тие, мислејќи и на Лундгреновата болест. Имено, актерот неодамна откри дека осум години се бори со ракот на белите дробови и смета дека за тоа е виновна неговата употреба на стероиди.

„Кога бев во Шведска, имав проблеми со стомачната киселина… Не знаев што е тоа, а потоа најдоа повеќе тумори во областа на бубрезите и црниот дроб“, рече тој во подкастот „In Depth with Graham Bensinger“. Особено проблематичен бил туморот на црниот дроб, кој пораснал до големина на лимон. Прогнозата не била добра, а еден лекар му рекол на Долф дека му остануваат само уште две до три години живот.

“Го прашав колку ми останува, мислам дека рече две или три години, но од неговиот глас можев да забележам дека мислеше дека е помалку. Мислев дека мора да е тоа. Имав е*ано одличен живот. Живеев пет животи во еден. Така што не бев огорчен поради тоа”, рекол актерот. Долф верува дека неговата употреба на стероиди, кои ги користел во 80-тите и 90-тите години, може да биде виновна за болеста.

“Не знам дали има врска со ракот. Размислував за тоа, секогаш мислите дека не сте во право. Мислам дека можеби има некаква поврзаност помеѓу тестостеронската терапија и ракот. Бев на стероиди кога бев помлад, можеби десет години. Во зависност од видот на филмот што го снимав”, рекол актерот.

Актерот побарал дополнително мислење од онкологот Александра Дракаки од медицинскиот центар UCLA, која го лекуваше користејќи неодамна развиени медицински методи. Третманот се покажал како ефикасен и туморот е намален за 90 проценти. „Среќен сум што сум жив“, заклучил тој.

Да потсетиме, актерот роден во Стокхолм со поранешната сопруга Анет Квиберг има две ќерки Ајда Сигрид Лундгрен (27) и Грета Евелин Лундгрен (22).

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...

Амбер Херд денес има добри вести, повторно е бремена

Актерката Амбер Херд, која беше во брак со Џони Деп...

Сите мислеле дека Донатела Версаче конечно се подмладила, но кога ја виделе во живо, ситуацијата била поинаква!

Донатела Версаче пред својот 70. роденден изгледала освежено и...

Клои Кардашијан: Терапевтот им кажа приватни детали од мојот живот на таблоидите

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан откри дека оди кај терапевт,...