Доделени наградите САГ: „Опенхајмер“ – најголем победник на вечерта

Date:

Во неделата вечерта се случи 30. доделување на филмските награди на Здружението на филмските актери – САГ, на кое беа доделени признанија за одличноста на професионалците од филмската и телевизиската индустрија. Свечената церемонија се одржа во салата „Шрајн аудиториум“ во Лос Анџелес, САД. Годинава немаше официјален водител на настанот, но актерот Идрис Елба ја имаше честа да ја отвори церемонијата.

Филмот „Опенхајмер“ „Oppenheimer“ ја продолжи својата доминација во сезоната на награди и освои неколку важни статуетки на годинашните САГ награди. Последното дело на режисерот Кристофер Нолан освои награда за најдобра актерска екипа, најдобар актер во главна улога (Килијан Марфи) и најдобар актер во споредна улога (Роберт Дауни Помладиот).

Прифаќајќи ја главната награда во име на актерската екипа, Сер Кенет Брана рече дека сите се „благодарни и горди“.

Вечерта беше исполнета со забелешки за штрајкот на актерите, кој минатата година го доведе Холивуд во застој.

Оддавајќи му почит на синдикатот на американските актери, Сер Брана рече: „Ви благодариме што се боревте за нас, му благодариме за секој член на Здружението на филмските актери, чија поддршка ни овозможи да бидеме тука – уште подобри од претходно“.

Наградата за најдобра актерска екипа се смета за врвна чест на наградите САГ во отсуство на категорија за најдобар филм. За победниците на годишната церемонија гласаат други актери.

Ирскиот актер Килијан Марфи рече дека неговата победа „му е исклучително важна“ бидејќи ја добил поради своите колеги во Холивуд.

„Пред дваесет и осум години, кога се обидував да станам актер, бев неуспешен музичар и се чувствував како екстремен губитник. Но, гледајќи ве сите вас вечерва, знам дека сум дел од нешто навистина прекрасно. Ви благодарам многу“.

Актерката Лили Гладстон ја освои наградата за најдобра актерка за главната улога во филмот „Убијци на цветната Месечина“ („Killers of the Flower Moon“).

„Ова беше тешка година за сите нас. Јас сум толку горда што дојдовме овде во знак на солидарност со сите наши други синдикати“, рече таа за време на нејзиниот говор.

Актерката додаде: „Навистина е подарок тоа што го правиме ова како наша животна професија“.

Ѕвездата на филмот „Остатоците“ („The Holdovers“)Дејвајн Џој Рендолф победи во категоријата за најдобра актерка во споредна улога. Таа веќе освои неколку статуетки во истата категорија и на други престижни настани во годинашната сезона на награди, а многу е веројатно дека ќе ја освои и филмската награда Оскар.

„Се будам секој ден благодарна што сум актерка. Во која друга професија луѓето можат да живеат толку многу животи и да допрат толку многу срца на оние што никогаш не ги сретнале?“, изјави таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Втора лига: Водечките потфрлија, важни победи за Вардар Неготино и за Победа

Изненадувачки резултати донесе 26. коло од Втората фудбалска лига...

Копа дел реј е за Барселона, „кралевите“ немаат лек за каталонскиот гигант оваа сезона

Барселона продолжува да му набива комплекс на Реал Мадрид...

СИН И МАЈКА ОД ГЕВГЕЛИЈА КРИУМЧАРЕЛЕ МИГРАНТИ

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија...

Се потешко се покриваат основните трошоци во Македонија

Што ќе има од овошје и од зеленчук, какви...