Викторија и Дејвид Бекам биле меѓу најзабележителните посетители на ревијата на Модната недела во Париз.

Модното шоу го набљудувале од чамец, како и сите останати гости. А, многумина го забележале необичниот момент кога пред нив прошетала Џиџи Хадид која била една од манекенките на ревијата.

Случајно или не, Дејвид Бекам, којшто ги фотографирал останатите модели на ревијата, го спуштил својот мобилен телефон додека Џиџи поминувала. А, Викторија Бекам со камера го забележала „шетањето“ на манекенката по пистата.

Некои се потсетиле дека Дејвид во 2018 година бил на мета на скандал откако во Париз маѓепсано гледал во Бела Хадид, сестрата на Џиџи Хадид.

Со Бела се сретнал еден месец подоцна во Токио каде седеле еден покрај друг на ревијата. Бекам и пред тоа бил фатен како љубопитно ги гледа девојките во своето опкружување, а од таму и коментарите дека Викторија му забранила да ја фотографира Џиџи.

Меѓутоа, не треба да се заборави дека сестрите носеле креации на госпоѓа Бекам на минатогодишната париска мода, како и дека Џиџи срдечно се поздравила со Дејвид во јули минатата година.

На ревијата на „Жакемус“ присуствувале и Моника Белучи и Тина Кунаки.

Инаку, Викторија Бекам блескала во фустан од своја колекција…