Додека Македонците си заминуваат: Издадени 3.000 дозволи за странски работници

Date:

Годишната конференција на Стопанската комора ги исфрли на виделина критичните точки на бизнисот за кои одамна нема решение. Клучниот проблем во бизнисот се платите, но и работната сила.

За да ги задржат работниците и да можат да даваат повисоки плати, работодавците бараат намалување и либерализацијата на меѓународниот пазар на труд.

– Бараме од Владата да ги намали придонесите за минимална плата кои се високи и изнесуваат 47,5 отсто. Бараме истите да бидат намалени на 32 отсто со цел да се зголеми минималната плата. Бараме и зголемување на квотата на странски работници од 5.000 на 10.000 или 15.000 работници годишно, кажа претседателот на стопанската комора на северо-западна Македнија, Менди Ќура.

Годишно на бизнисот му недостигаат околу 10.000 работници, од кои најмногу во туризмот и градежништвото. До крајот на март годинава над 3.000 странски граѓани добиле дозвола да работат во Македонија, а меѓу нив има и работници од Непал и Пакистан, објави „Алфа“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...