На 2022 година се гледаше со оптимизам, се очекуваше разрешување на застарени предмети, но наместо тоа, иако во јануари 2022 година продолжија најпрво судењата за случајот ТНТ за уривањето на комплексот Космос, но сепак страшната сообраќајна несреќа кај Сити мол 20 јануари, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, го сврте вниманието на јавноста кон овој трагичен настан и се чекаше судска одлука.

По неколку рочишта, на 11 април обвинетиот Јордан Ѓорѓиев доби 3-години затвор. Семејството организираше и протест пред кривичниот суд во скопје.

Три месеци по оваа трагедија, се случи убиство во Скопје. Убиен беше 27-годишен хрватски ракометар, а сторителите кои до смрт го претепаа Тот, пред судот се изјаснија за невини. Пресудата сепак беше висока вкупно 52 години казна затвор. Одбраната веднаш најави жалби во апелација, додека обвинителството е задоволно од пресудата.

Годинава се очекуваше судска развршница за повеќе трагедии кои се случија во земјава – Трагедијата со автобусот на Беса Транс во која загинаа 45 лица, а кој возел без лиценца, разврска за трагедијата кај ласкарци и утврдување на одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово. Сепак, за евентуална пресуда по некој од овие случаи ќе мора да се чека најмалку до новата 2023 година.

Случајот со Беса Транс конечно започна на 15.11.2022 година, но истиот ќе продолжи на 3 февруари, одложен поради болест на сопственикот на Беса Транс. Супервештачењата за трагедијата кај ласкарци по година и три месеци пристигнаа пред Кривичен, а судењето продолжува на 24 јануари. По четири неуспешни обиди, конечно започна судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тетовци велат грешката за пожарот е техничка и побараа да се ослободи од обвинение докторот на смена бобан вучевски.

Во судница се заврши со изведување докази, а на 16 јануари ќе се сослушуваат сведоците на обвинителството.

Од поранешни политичари пак кои сега се на обвинителната клупа или во притвор, во текот на целата година траеше судската сага околу софтвери каде првообвинет е поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски. Низ годината се сослушуваа сведоци, се изведуваа докази, а Рашковски ангажираше и цел правен тим за да ја докаже невиноста. Тој поднесе и кривични пријави против обвинителките за пет кривични дела сторени притив него. Судењето за Софтвери ќе продолжи на 3 февруари.

Годинава и наследникот на Рашковски, поранешниот генерален секретар на владата Мухамед Зекири, се најде на обвинителната клупа. Тој се товари дека ја злоупотребил службената должност и ја оштетил државата за 1,5 милиони евра преку два договори. Судењето против него почна на 15 декември, а Зекири пред судот рече оти не е виновен.

Откако 14 месеци ја чуваше пресудата во фиока, Апелациониот суд кон почетокот на декември годинава ја укина 12-годишната затворска казна против ексшефот на УБК Сашо Мијалков за случајот со масовното нелегално прислушкување. Објаснувањето од Апелација првично гласеше – Направени се суштествени повреди во текот на постапката, за потоа откако се крена прашина во јавноста Апелација да се доискаже:

– Пресудата е неразбирлива и нејасна. Постои и несогласување меѓу изречената пресуда и онаа во писмениот поднесок. – велат од Апелација.

Откако Апелација ја укина 12-годишната затворска казна на Мијалков за Таргет Тврдина, случајот Титаник 2 е на само четири месеци до негово застарување. Мијалков на 22 декември требаше да се појави во судот за да продолжи судењето за овој случај, но поради техничка грешка тој не беше спроведен од затворот од струга во основниот кривичен суд скопје.

Три дена подоцна Мијалков беше спроведен во судот, рочиштето продолжи. Мијалков беше осуден во 2019 година на 3 години затвор за случајот Титаник 2, но во декември истата година апелација го врати случајот на повторно судење и ја укина пресудата. Со оваа одлука на Апелација, остануваат уште само четири месеци до застарување на случајот, а дали од Апелација имало таква намера, ќе треба да истражува тричлена работна група составена од членови на судскиот совет, која покрај за овој случај ќе ја утврдува состојбата уште и за Транспорер, Алфа и Трезор. По сето ова, прашање е дали 2022 година вво која се расветлија голем број на случаи или пак се отвори повеќе работа и повеќе предмети за новата 2023 година.