Дневно по 200 деца бараат помош во болницата “Козле“, кај мало бебе потврдена е голема кашлица

Date:

Дневно по 200 деца има во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти вели Мирјана Поповска специјалист педијатар во „Козле“ и додава дека во моментов кај нив има околу шеесетина хоспитализирани деца.

– Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, додаде Поповска.

Поповска потврди дека голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје а во исто време, хоспитализирано е едно дете со Ковид-19.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава.Директорот на Институтот за јавно здравје рече дека три случаи на пертусис – голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.

– “Од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице со Ковид-19. Од новозаболените, најмногу се од Скопје – 36, потоа Охрид со 13, Битола со седум“, вели тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...