Дијаспората зачудена: Листата на Османи личи на ВИП листа на ДУИ, а не на етаблирани и успешни Македонци

Date:

М листата на Османи повеќе наликува на ВИП листа на ДУИ, отколку на етаблирани и успешни Македонци од дијаспората. Мал е бројот меѓу оние 69 за кои Македонците воопшто знаат кои се и како ја претставуваат Македонија во странство. Македонската активистка од САД Ана Дукоска за Алфа вели дека станува збор за обична политичка листа на избрани, а не вистински луѓе кои навистине допринеле за државава. Како пример ја дава Германија, каде вели дека сите четворица се Албанци, иако таму има голем број Македонци кои и тоа како допринеле за Македонија.

-Листава повеќе наликува на ВИП листа на ДУИ, отколку на листа на успешни, етаблирани македонски државјани од иселеништвото. Со почин кон 69-те носители на М карта, да бидам искрена за 99 проценти од нив прв пат слушам и не сретнав имиња кои навистина заслужуваат да бидат почестени со внимание за нивните заложби за осамостојувањето на Македонија или за тие кои граделе или се уште градат цркви за здружување на Македонците во државите каде што живеат, изјави Дукоска.

Дукоска е на ставот дека ваква листа може да има и позитивен импакт, но за да биде сериозно сфатена потребна е широка опшстествена дебата, а не обична политичка оценка. Вели не може да бидат избрани од дипломатските претставништва, бидејќи дел од нив се празни, а во другиот дел речиси сите се поставени на политичка основа.

-За ваков проект да би бил сериозно сфатен и општо прифатен, би требало да се започне со јавна расправа, собирање предлози од државни институции кои располагаат со дата база за иселеници и кои соработуваат со поединци или здруженија на иселеништвото, а не претставници на дипломатско конзуларните претставништва, изјави Дукоска.

Според Дукоска смешни се и привилегиите кои ги добиваат овие според Османи докажани Македонци од дијаспората. Вели никој од Македонците од дијаспората не би си дозволил да не плати билет во театар или музеј, бидејќи целта на сите нив е да помогнат на државата. Друго проблем за Дукоска е кој ќе ги покрие тие средства, стравува дека тоа на крајот сепак ќе бидат обичните граѓани во државава.

-За привилегиите со кои се стекнуваат носителите на М карта, ми е дури и непријатно да коментирам да бидам искрена, зошто брзиот влез на Аеродром е фактички привилегија на дипломатски пасош, но не важи за подигање на куферот и царинска контрола. Самото тоа остава претпоставки и сомнеж за злоупотреба при царинска контрола, судејќи по високиот степен за корупција во Македонија, изјави Дукоска. 

Дукоска вели дека доколку би била ставена на оваа листа, сама би побарала да биде отстранета, бидејќи се заложува за еднаквост на сите граѓани, а не едни да бидат над други.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...