Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери

Date:

Две камери на вториот кат, три на првиот кат каде што се наоѓа и неговата канцеларија и три на приземје. Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави а1.on.mk.

Како што пренесува порталот, според сведоштвата, во институцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери – распоредени на повеќе катови, кои ги покриваат ходниците, влезовите и пристапите до канцелариите. Но, она што ја прави ситуацијата алармантна, велат вработените, не е самото постоење на камерите – туку начинот на нивна употреба.

Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според вработените, уредот е постојано вклучен и се користи за директно следење на нивното движење.

„Се гледа кој каде оди, кој влегува во која канцеларија, па дури и кога некој оди во тоалет“, велат извори од институцијата.

Ова, според нив, создава атмосфера на постојан притисок и страв, каде секое движење е потенцијално предмет на контрола. Дополнителна загриженост, според нив, претставува тоа што не е јасно кој има пристап до снимениот материјал, ниту каде и како истиот се чува и архивира.

Според доставената фотографија до порталот, видео надзорот бил активен и за време на состанок, на кој присуствувале и надворешни лица, што отвора сомнежи за евентуално неовластено споделување на визуелни податоци.

Поради овие сомнежи, веќе била поднесена претставка до надлежната институција, со барање да се испита дали директорот го прекршил Закон за заштита на личните податоци.

„Според содржината на претставката, видео надзорот во АХВ излегува надвор од законската рамка и се користи како средство за контрола, а не за безбедност. Случајот отвора пошироко прашање, дали државните институции се користат за надзор и контрола на вработените, наместо за јавен интерес? Од Агенцијата за заштита на личните податоци се очекува да утврди дали постои прекршување на законот, но и да постави јасни граници за тоа до каде смее да оди видео надзорот во јавните институции. А1он уште пред една недела побара одговор од Агенцијата за заштита на личните податоци, но иако ветија дека ќе испратат одговор, сеуште молчат и не се јавуваат на телефон“, пишува а1.он.мк цитирајќи делови од Законот за заштита на личните податоци.

Директор на АХВ е Оливер Миланов член на Социјалистичка партија.

„Назначен е за директор како политичко решение. Нема соодветно образование за функцијата во АХВ бидејќи дипломирал стоматологија, но не успеал да го положи завршниот државен испит на овој факултет и при неколку обиди. Син е на поранешниот пратеник на Социјалистичката партија, Стојан Миланов, и внук на долгогодишниот прв човек на партијата Љубисав Иванов Ѕинго“, пишува а1.он.мк.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...