Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба

Date:

Вкупно 16 жени го обвинија познатиот американски магионичар Дејвид Коперфилд за сексуално недолично однесување кое, наводно, траело со децении. Повеќе од половина од нив, исто така, тврдат дека биле помлади од 18 години за време на инцидентите, пишува „Гардијан“.

Според наводите, Коперфилд наводно дрогирал три жени пред да стапи во сексуални односи со нив. Жртвите сметаат дека не можеле да се согласат со нив во таква состојба.

Некои од жените велат дека имале 15 години, иако тој можеби не ги знаел нивните години во тоа време, но инцидентите се случувале од доцните 1980-ти до 2014 година. Тие го запознале сега 67-годишниот магионичар преку неговата работа, но велат дека можеле да зборуваат за своите искуства дури по движењето #MeToo.

Една од 16-те жени, Бритни Луис, пред шест години јавно го обвини дека ја дрогирал и  дека сексуално ја нападнал во 1988 година, кога имала 17 години. Друга жена, Џилијан, откри за „Гардијан“ дека имала слично искуство откако се согласила да излезе на пијачка со него по една од неговите шоуа во 1993 година. Таа тврди дека и таа и нејзината пријателка биле дрогирани и не можеле разумно да се согласат на сексуални односи.

„Никогаш не би го рекла тоа доколку искрено и целосно не верував дека тогаш сум навистина издрогирана“, изјавила таа.

Во четири случаи, жените тврделе дека Коперфилд ги допирал или ги принудувал да го допираат на сексуален начин за време на сценските изведби кога тие сè уште не биле полнолетни. Членовите на семејството на тогаш 15-годишното девојче биле во публиката и го сведочеле тоа.

Фалон Торнтон изјави за „Гардијан“ дека Коперфилд ѝ ги стиснал градите откако ја поканил на сцената за време на настап во јануари 2014 година во хотелот МГМ Гранд. Таа го пријавила во хотелот и во полицијата во Лас Вегас, но смета дека нејзините наводи никогаш не биле сфатени сериозно. Полицијата ја прекинала истрагата поради „недоволно докази“.

Истрагата на „Гардијан“ откри заеднички врски меѓу наводите – неколку жени изјавија дека Коперфилд им ветил дека ќе им помогне да изградат кариера во светот на шоубизнисот, а подоцна се обидел да одржува контакт со нив и нивните родители.

Карла, која тогаш имала 15 години, тврди дека откако ја запознал на еден од неговите настапи во 1991 година, почнал да ѝ се јавува постојано доцна во ноќта. Тој ѝ праќал подароци и билети за неговите настапи, а кога наполнила 18 години имале сексуални односи на што и двајцата се согласиле.

Запрашан за тврдењата, Коперфилд негирал каква било вмешаност во инцидентите. Неговите адвокати велат дека тој „никогаш не се однесувал недолично со никого, а камоли со малолетници“. Тие веруваат дека вистинскиот приказ на магионичарот ќе ја покаже неговата „љубезност, срамежливост и почитуван однос кон жените“.

Тие тврдат дека Коперфилд ги охрабрувал жените да се појават за време на движењето #MeToo и дека биле изнесени бројни лажни обвинувања против него, имајќи предвид дека дрогата не била дел од „неговиот свет“. Некои од обвинувањата, додаваат оттаму, не се совпаѓаат со местата каде што настапувал во тоа време и на снимките од настапот не се гледа како ги допира градите на ниту еден учесник.

За наводите на Карла, адвокатите не оспорија дека тој ја познавал тинејџерката, туку изјавија дека имале целосно легална и консензуална врска која траела четири години.

Магионичарот претходно беше поврзан со Џефри Епстин, милијардерот кој беше обвинет за сексуална трговија со малолетници. Неговото име беше споменато во судските документи кои беа објавени во јавноста во јануари. Според една од изјавите на жртвата на Епстин, Коперфилд ја прашал „дали знаела дека на девојчињата им се плаќа за да најдат нови малолетници“ за милијардерот. Адвокатите на магионичарот за „Гардијан“ изјавиле дека тој не се дружел редовно со Епстин.

„Нашиот клиент не знаел за неговите страшни злосторства. Како и остатокот од светот, тој за нив дозна преку медиумите“, заклучија тие, нагласувајќи дека Коперфилд никогаш не бил обвинет за никакво кривично дело.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...