Дејвид Гета доби син со 24 години помладата девојка

Date:

Тој доби син со својата девојка Џесика Ледон (32), а ова е нивното прво заедничко дете. Дејвид ја потврди среќната вест на Инстаграм.

„Љубовта е во воздухот. Добре дојде Сајан“, напиша музичарот во описот на фотографијата, откривајќи го необичното име што му го дале на момчето.

Во коментарите зборуваше и 20-годишниот син на Дејвид. „Малиот брат ќе биде силен“, напиша тој. Холандскиот диџеј Тисто додаде: „Среќен за вас двајца! Браво братче“.

Двојката е заедно од 2015 година, а потврдија дека чекаат бебе минатиот ноември на црвениот тепих на Латино Греми во Севиља. Наводно не планираат да се венчаат бидејќи музичарот „не верува повеќе во брак“.

Гета има и две деца со поранешната сопруга Кети Лобе (56). Тие ја имаат ќерката Енџи (16) и синот Тим ​​Елвис (20). Тој беше во брак со Кети од 1992 до 2014 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Секој трет граѓанин размислува да ја напушти Македонија

Секој трет граѓанин или 35,2% од населението размислува за...

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈА

Денеска на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет...