Дејвид Бекам фотографиран на Вимблдон, тој беше со својата мајка

Date:

Започна Вимблдон, а на трибините веќе е снимен и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам.

Дејвид никогаш не го пропушта овој тениски турнир.

Тој е снимен на трибините со неговата мајка Сандра Вест, со која е многу близок. Фотографите ги уловија во кралската ложа заедно со други познати личности.

Дејвид и Сандра го следеа мечот на Британката Ема Радукана на која Дејвид и е голем обожавател и Русинката Екатерина Александрова. Иако Сандра не се појавува често во јавноста, таа оди на Вимблдон речиси секоја година.

„Дејвид и неговата мајка се обидуваат да одат на натпреварите секоја година. Тие се многу блиски, имаат посебен однос и двајцата уживаат во тенисот”, изјавил претходно извор за „Daily Mail“.

Имено, Дејвид и минатата година беше снимен со мајка си на трибините. Тогаш фотографите го снимиле во неколку наврати како се проѕева, го трие челото и едвај ги држи очите отворени.

Сандра Џорџина Вест работеше како фризер и се омажи за таткото на Дејвид Алан во 1969 година. Алан и Сандра имаат три деца, а се разведоа во 2002 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мицкоски: додека јас сум премиер нема да има недопирливи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Претрес...

Избрани нови членови на историската комисија

Пред три години си даде оставка од историската комисија...

Кој „победи“ на претседателската дебата Трамп-Харис?

За време на првата претседателска дебата, поранешниот претседател на...

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА (47)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...