Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски беше поразен во финалето на Европските игри во Краков, Македонецот се враќа со сребрениот медал.

Македонскиот борец во финалето се сретна со Британецот, Луис Канингем кој победи со 2-0.

На патот до финалето Георгиевски во полуфиналната пресметка беше подобар од Шпанецот, Гарсија Мартинез (2-0), а претходно ги совлада и Украинецот Андри Харбар (2-1) и Италијанецот Матија Молин (2-0).