Две деца додека се возеле на велосипедската патека од Горица до Охрид налетале на мечка, објави денеска ТВ Алфа во вестите. Децата ги фрлиле велосипедите и отрчале да се сокријат во претседателската вила „Билјана“.

Инцидентот се случил синоќа 20.30 додека и додека тие се движеле во близина на вилата, мечката им го пропречила патот, по што тие се засолнале во стражарницата. Родителот кој не сакал да зборува пред камера, го потврдил инцидентот.

Веќе неколку месеци мечката се симнува во урбаното подрачје каде што има хотели Пчеларот Благоја Алач вели дека мечлката веќе уништила 200 пчелни семејства. Од Националниот парк Галичица информираат дека таа е заштитен дивеч и дека право да ја залови има само Министерството за земјоделство.

– Поминува низ пат каде поминуваат рекреативци и деца кои одат на школо пешки и ризикот е многу голем. Нејзиното присуство со помало мечо може да биде опасно, вели Алач.