Децата во Македонија имаат најниска консумација на овошје во Европа, дури 31,2 отсто од нив се со зголемена тежина

Date:

Дури 31,2 отсто од децата во Македонија се со зголемена телесна тежина, а 13,7 проценти од нив живеат со дебелина – покажуваат наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата кои денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод светскиот Ден на дебелината.

Наодите покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 години.

„Според студијата, 31,2 отсто од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина – што е над просекот на Eвропскиот Регион, односно 25 проценти и 11 проценти, соодветно. Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата“,наведува ИЈЗ.

Само 25 отсто од децата секојдневно јадат свежо овошје, што е најниска дневна консумација на овошје во Европскиот Регион. Дваесет проценти од децата консумираат свеж зеленчук секој ден – што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа. Солени грицки јадат 40 проценти од децата – најмногу во однос на државите од Европа вклучени во студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата.

Повеќе од половина, односно 51 отсто од децата консумираат слатки три или повеќе дена во неделата.

Во однос на физичката активност, 40 отсто од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани – телевизија или електронски уреди, 63,3 проценти од децата пешачат или возат велосипед до училиште, а кај оние што живеат на растојание до 2 километри од училиштето, оваа навика ја практикуваат дури 89 проценти.

„Големо мнозинство, односно 88,6 отсто, спијат најмалку девет часа навечер, 94 проценти од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет, а 48,2 проценти активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно“,се додава во наодите на студијата кои ги пренесува ИЈЗ.

Во студијата се нотира оти кај родителите постои ниска свесност за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај децата. За повеќе од половина од децата што живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, родителите перципирале дека нивната тежина е во препорачани граници на „нормална телесна тежина“.

„Овие резултати ја нагласуваат итната потреба од системски интервенции во училишната и семејната средина на децата, со цел да се промовира нивен здрав раст и развој. Интервенции се потребни и во други области – реформулација на храната, информациите поврзани со храната, рекламирањето, урбаната околина и можноста за практикување безбедно движење и физичка активност се само дел од нив“,додаваат од Институтот за јавно здравје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRATION IN THE USA AFTER WORLD WAR II (29)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шкендија повторно дојде на еден бод зад Вардар, Тиквеш славеше во Струга

Шкендија рутински стигна до нова победа во Тетово откако...

НБА крај на сезоната: Познати сите патници во плеј-ин, Леброн и Јокиќ спремни за главната сцена!

Заврши регуларниот дел од возбудливата НБА сезона! Последниот ден...

 Традиција, семејство и многу црвени јајца – како македонските ѕвезди го прославија Велигден

Најголемиот христијански празник, Велигден, ги собра македонските јавни личности во кругот на...