Детската болница Козле преполна: Четири деца на кислородна поддршка

Date:

Околу 200 деца биле примени во Детскиот институт за белодробни заболувања „Козле“ во изминатите празнични три дена, дел од нив се задржани на лекување, дел пуштени дома.

Денеска 70 деца се наоѓаат во болницата. Пациентите се жалат на вирусни инфекции и респираторни проблеми и настинки.

Најчести пациенти се децата до три годишна возраст, додека школските деца имало во помал број. Во моментов на респираторна поддршка се четири дечиња.

Од клиниката за тв 24 информираат дека засега има доволно легла за да им се укаже помош на децата кои ќе побараат здравствена помош, но се надеваат дека инфекциите нема брзо да се шират за тие да можат да одговорт на сите предизвици.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...