Десетметарските скулптури на Св. Кирил и Методиј недостојно спружени на тревник

Date:

На социјалните мрежи деновиве може да се прочита реакција на граѓани кои го искажуваат својот револт поради, според нив, несоодветно одложување на скулптурите на македонските просветители Св. Кирил и Методиј во тревникот пред хотелот „Гранит“ во Охрид, пренесува Вечер.

„Се работи за нешто што е од голема важност за Македонија, цел православен свет, Охрид како град на УНЕСКО, Балканскиот Ерусалим. Имено, во изминатиот период, пред хотелот ‘Гранит’, покрај самиот паркинг, видов во тревата на непримерно место ‘лежат’ во тревата светите браќа Кирил и Методиј, што е вознемирувачка слика за секој добронамерен човек. Се поставува прашањето, во чија сопственост се тие споменици (очигледно демонтирани и донесени од некаде), зошто се на вакво несоодветно место, дали е некој запознаен со ова и што натаму со нив”, стои во дописот кој го пренесува „Охрид прес“.

Од хотелот „Гранит“ за порталот информираат дека скулптурите не се фрлени и дека тие се наоѓаат во дворот на хотелот. Според нив скулптурите се сопственост на градежната компанија „Гранит“, а не на хотел „Гранит“ и треба да се наместат.

„Станува збор за големи скулптури, не можеме да ги ставиме во некоја соба. Немаме дозвола да ги поставиме кај нас во хотелот и се чека на дозвола за поставување, која во моментов ја немаме. Ставени се на соодветно место и се наместени. Станува збор за скулптури долги 10 метри“, информираа од хотелот „Гранит“ до кој вчера се обрати и редакцијата ВЕЧЕР. Сепак, до затворањето на весникот не успеавме да стапиме во контакт со директорот на хотелот.

Во Општина Охрид, кажаа дека дозволата за поставување на овие скулптури треба да ја издаде Министерството за култура. Од ресорното Министерство, каде што исто така побаравме одговор до каде е постапката, пак, ни одговорија: „Не сме информирани за какви споменици станува збор. Ве информираме дека за споменици и спомен-обележја надлежни се општините. До Министерството за култура не е пристигнато барање“, пренесува Вечер,

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...