Десетици странски иселеници се дружат на неделни средби во Скопје

Date:

Секоја недела попладне, десетици луѓе – странци и локални жители се собираат на едно место во
Скопје. Во локал во центарот на Скопје на неделно ниво тие запознаваат луѓе, се дружат, комуницираат, и развиваат пријателства, пишува Skopje.IN.

Сѐ ова е дел од концептот на настанот “Expats meet up” кој повеќе од една година се одржува во
главниот град на Македонија.

Зад организацијата на настанот стои скопјанка која странците ја знаат под псевдонимот Диан. Токму таа е заслужна за целата организација позади овие настани кои досега обединиле стотици луѓе од најразлични држави низ светот, а кои во еден момент се нашле во Скопје.

„Идејата започна поради мојата група за ‘размена на јазици’ и се однесуваше само на јазици. Мојот пријател Гери предложи да започнеме со средби ‘во живо’. Па така и започнавме, на 3 јули минатата година. Настаните ги започнувавме во неделите кога беше сончево, во 19 часот во градскиот парк. Се одвиваше цело лето. Но, потоа времето се влоши и ги прекинав настаните. Отидов на друг социјален настан каде најдов иселеници кои всушност прашуваа за ваков тип настани и по една недела пауза ‘се роди’ настанот ‘Expats meet up’. Па така, од настан за размена на јазици стана настан за иселеници“, објаснува Диан за Skopje.IN.

Целта на овој настан, како што посочува таа, е да ги собере странците, иселениците и патниците на едно место каде што ќе можат да споделат искуства, да најдат пријатели за патување или едноставно да си помагаат и да се дружат.

Досега (вклучувајќи ги и настаните за размена на јазици) одржани се 55 настани. Вообичаено на настаните има околу 15-20 луѓе, објаснува Диан и додава дека бројот зависи од годишното време и од временските услови.

„Најчесто имаме (луѓе) од САД, Англија… но секако сме имале и од многу далечни земји како Уругвај, Мексико, Тајван, Малезија…“, открива Диан.

Овие настани се многу важни за заедницата на иселеници, децидна е таа.

„Посакувам да имавме вакво нешто и во други градови како Охрид. Лично присуствував на еден настан во Малта и запознавањето различни луѓе е многу убаво чувство“, додава Диан.

Елиот Харис е еден од многумината кои често учествуваат на овој настан.

„Го обожавам тоа што сум дел од заедницата на иселеници во Македонија“, вели тој за Skopje.IN.

Тој раскажува дека преку специјалниот неделен настан кој ги „замаглува линиите на меѓународните граници“, тие го слават заедништвото и пријателството. Според него, овие неделни иселенички настани се уникатен собир каде што иселеници од сите страни на светот се собираат заедно за да се сретнат, да играат интересни игри и да уживаат во неколку локални пијалаци во омилените барови низ Скопје.

„Да се биде дел од овој настан поттикнува атмосфера на другарство и меѓусебно разбирање, што е многу важно во место каде што можете да се чувствувате изгубено кога ќе започнете нов живот во друга земја. За мене овој настан има големо значење. Ми дава чувство на припадност и кон иселениците и кон локалното население во Македонија, и имам силни врски што ги надминуваат границите и јазичните бариери. Среде сите игри исполнети со забава и лабави разговори, наоѓам утеха во сознанието дека не сум сам на мојот пат“, вели Харис.

На настаните, тој вели дека запознал многу прекрасни луѓе и создал трајни пријателства кои станале составен дел од неговиот живот во Македонија.

„Овој неделен настан служи како потсетник дека и покрај тоа што сме далеку од дома, нашата иселеничка заедница може да создаде поддржувачка и пријатна атмосфера. Ги претворивме странците во пошироко семејство и тоа отвори дополнителни можности и врски во нашиот нов дом“, споделува Харис.

Желбата на Диан е да ја зголеми посетеноста на овие настани, а за тоа, како што вели „ми треба поголема интеракција на социјалните мрежи и ефективно да го раширам зборот за настанот“.

Следниот ваков настан е веќе закажан за во недела од 17 часот во кафулето „Само“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...