Денот на независноста на Република Македонија со песна и развиорени знамиња се славеше и во Шпанија

Date:

Во градот Алкора што се наоѓа на источниот брег во Шпанија се слушаше македонска музика. Амбасадата на Република Македонија ја поддржа иницијативата на едно локално младинско друштво од градот составено од вљубеници во македонската музика.

Стотици млади веејќи македонски знамиња, се забавуваа со македонските хитови на Влатко Стефановски, Тоше Проески, Ареа, Funk Shui, Елита 5, Леб и сол, Суперхикс и други македонски изведувачи.Настанот посветен на македонската песна и култура се организираше во рамките на традиционалниот летен фестивал на градот, а македонската вечер заеднички ја отворија амбасадорот Едмонд Адеми и градоначалникот на Алкора Самуел Фаломир.

„Месец септември е месецот кога Македонија ја слави својата независност, и мило ми е што денес на 1 септември, го започнуваме овој месец, со еден ваков настан, со ваква вечер, овдe тука во Алкора, во пресрет на 8 септември – денот на независноста на Република Македонија. Македонија и Шпанија имаат одлични билатерални односи, и идната година 2024 ќе одбележуваме 30 години воспоставени дипломатски односи, јубилеј за почит, и секако мотив плус да ја зајакнуваме и ги развиваме односите помеѓу двете земји, на многу полиња“, истакна македонскиот амбасадор.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...

Заемот од Унгарија во Собрание – Обвинувања за корупција

Законот кој ќе овозможи Македонија да се задолжи една...