Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Date:

Актерот Дени Мастерсон на повторното судење во Лос Анџелес беше прогласен за виновен за силување и се соочува со затворска казна до 30 години.

Актерот, кој го глумеше Стивен Хајд во хит-серијата „Луди седумдесетти“, беше прогласен за виновен по две точки од обвинението.

Поротата составена од седум жени и пет мажи ја донесе пресудата по седумдневно заседавање. Нему му се заканува затворска казна до 30 години, пишува „Гардијан“.

47-годишниот актер наводно им ставал дрога во пијалаците на жените за да може да ги силува. Обвинителите изјавија дека тој силувал три жени, вклучително и својата девојка, во својот дом во Холивуд Хилс помеѓу 2001 и 2003 година.

Поротата не можеше да донесе пресуда за силувањето на неговата девојка, со која бил подолго време, но го прогласи за виновен за силување на преостанатите две жени.

Обвинителите тврдеа дека Дени го користел своето влијание во Сциентолошката црква, каде што сите три жени биле членови во тоа време, за да избегне последици со децении.

Актерот не сведочеше, ниту неговите адвокати повикаа сведоци. Одбраната тврдеше дека делата биле консензуални и се обиде да ги дискредитира тврдењата на жените посочувајќи промени во исказите и недоследности.

Портпаролот на Мастерсон одби да даде коментар, но неговите адвокати речиси сигурно ќе поднесат жалба.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРЕТИ ВО ВАВИЛОН (73)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Киргиос не запира: Пристигна барање на кое брутално одговори

Австралискиот тенисер Ник Киргиос по којзнае кој пат го...

Најдобрите македонски фудбалери се пак на собир и во мисија да ги победат Летонија и Ерменија на гости

Најдобрите македонски фудбалери се повторно на собир. Најголемиот дел...

Дончиќ погоди луд кош и си доби – 100.000 долари!

Често пати досега Лука Дончиќ на тренинзите и загревањата...