Дензел Вашингтон се расправа со фотограф, мавта со прст кон него на црвениот тепих

Date:

Дензел Вашингтон доби почесна „Златна палма“ на Канскиот фестивал – изненадување што го дочека со насмевка. Но, веднаш по свечениот момент, ситуацијата на црвениот килим станала напната.

На премиерата на новиот филм на Спајк Ли „Highest 2 Lowest“, каде што Вашингтон го игра њујоршкиот музички продуцент, актерот се појавил во друштво на АСАП Роки и Ријана. Додека разговарал со Спајк Ли, еден фотограф неочекувано го фатил за рака, што предизвикало бурна реакција, објави списанието „Пипл“.

– Застани! – извикал Дензел, предупредувајќи го дека не смее да го допира.

Кога фотографот го повторил гестот и се насмеал, Вашингтон уште поостро возвратил.

– Застани, престани! – рекол аткерот покажувајќи видливо незадоволство.

АСАП Роки се вмешал за да ја смири ситуацијата, која накратко делувала како да може да прерасне во сериозен конфликт.

Инцидентот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Мнозинството го поддржа Вашингтон, посочувајќи дека фотографот ги прекршил границите на личниот простор.

Иако познатите личности честопати се во првите редови пред објективите, коментарите се согласуваат дека фотографите треба да останат професионални и воздржани – особено на настани со толкава тежина.

Портпаролот на Дензел Вашингтон изјави дека вечерта била прекрасна, но дека актерот нема дополнителен коментар во врска со случката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија покажа заби, но со минимален пораз се враќа од Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација го поправи впечатокот со изданието кое...

Без голови во Марибор, Германија убедлива во Белград, Холанѓаните ја понижија Грција

Покрај мечот во Глазгов, во кој Македонија доживеа нов...

Aвстралискиот премиер и министерот се избламираа: Микрофоните биле вклучени додека си кажувале „мрсни“ шеги

Австралискиот премиер Ентони Албанес и министерот за енергија Крис...

„Мајкрософт“ се соочува со глобален прекин, милиони корисници се соочуваат со проблеми

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ вчера и денеска се соочува со...