Денес е Бадник, предвесникот на Христовото раѓање

Date:

Бадник или Коледе — денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот.

Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Обредните елементи и дејствијата кои што се поврзани со Бадникот и Божиќот представуваат најбогат извор за севкупната согледба на старословенската митолошка мисла и нивното истражување поттикнува на заклучок дека тоа е празник кој во основа ги задржал впечатливите и најзначајните елементи на паганската мисла на словенските народи.

Обредните дејствија и елементи за нивното исполнување кај Јужните словени се со огромна разноликост, во зависност од подрачје, но во основа се сведуваат на многу слични обреди наследени од древните предци: сечење бадник, неговото внесување и палење во домот; подготовка на обреден леб кој го сретнуваме под различни имиња поскура,чесница, кравајче, погача,и кој во речи си сите краишта се прави со паричка; „печеница“ – печено прасе (или друго месо) со кое се прекинува Божиќен пост; живописни ритуали кои слават семејство – култ на огништето, култ на предоци и доажање на новото божество.

Според ралични истражувачи Боѓиќ се врзува за две старословенски боѓества Сварог и Световид. Во народното творештво се зачувани стихови „Сварожиќу мој Божиќу“ што упатува на изедначување на малиот бог Божиќ (христијански елемент) и синот на богот Сварог (пагански елемент).

Најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празни е Бадник. Иако овој ден се смета пред се за христијански празник, народот го прославувал на начин кој тешко може да се окарактеризира како христијански.

Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА (47)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...