Денвер нагетс првпат во клупската историја ќе игра за шампионската титула во НБА-лигата, откако го затвори финалето во Западната конференција со супериорни 4-0 против ЛА Лејкерс.
Последната победа беше тешко извојувана синоќа, со 113-111, откако домаќините водеа со 15 разлика попрвите две четвртини, 73-58. Меѓутоа, движени од Никола Јокиќ, гостите од Колорадо направија целосен пресврт и првпат во клупското постоење ја освоија конференциската титула.
Јокиќ имаше уште еден вонсериски натпревар со 30 поени, 14 скока и 13 асистенции, уривајќи рекорд стар 56 години. Ова е негов осми трипл-дабил во плејофот, со што го надмина Вилт Џембрлен и сега е прв на вечната листа со трипл-дабл остварувања во пост-сезоната. Го доби признанието за МВП на западното финале, а исто така, со просек од 27,8 поени, 14,5 скока и 11,8 асистенции, стана само четвртиот во историјата со трипл-дабл просек во една финална серија по Џејсон Кид 01-02, Меџик Џонсон 82-83 и Чембрлен 66-67 сезона.
Му помогнаа Џамал Мареј со 25 поени и Арон Гордон со 22, додека во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс дојде до 40 поени, 10 скока и девет асистенции. Во првото полувреме „кралот“ постигна 31 поен, што е најефикасно полувреме во плејоф во неговата кариера.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]