ДЕМОЛИРАН МНТ – 4.000 ЕВРА ШТЕТА, СКРШЕНИ ЧЕТИРИ МОНИТОРИ – 9.600 ЕВРА: Апасиев со иронична реакција

Date:

По инцидентот во Собранието на Република Македонија, во кој пратеникот од редовите на партијата „Левица“, Борислав Крмов фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, со барање да се прекине седницата. На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата бидејќи не им се архивирани амандманите кои ги поднеле.

Во овој инцидент во Собранието, Крмов искрши еден монитори и микрофон, за кој вети дека ќе ја плати шетата.

Вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери соопшти дека Крмов ќе треба да плати 9.600 евра за скршените монитор и микрофон.

На оваа вест, со своја објава на социјалните мрежи се огласи претседателот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев, со за него препознатлив ироничен став.

  • 500 навивачи на Артан Груби го демолираа МНТ – штета 4.000 ЕУР.

Еден пратеник на Левица искрши четири монитори – штета 9.600 ЕУР!?

Ауууу, јеботе. Декажвајте ако биле златни, не сме знаеле – напиша Апасиев на Фејсбук.

За потсетување, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, кој ќе треба да плати 9.600 евра за скршените монитор и микрофон во Собранието, не е прв кој направил штета внатре во самото Собрание, но е прв кој ќе плаќа штета.

Имено, за разлика од Крмов, пратеникот од ДУИ Арбер Адеми нема да ја плати штетата кога на комисиска расправа искорна микрофони, бидејќи настанот не бил пријавен. Од комисиската расправа немало директен пренос, туку одела репризна снимка и никој не го пријавил инцидентот.

Крмов по настанот изјави дека ќе ја плати штетата.

„Видов дека претседателот Џафери изјавил дека ќе ми ја пратат сметката. Слободно, тоа е најмалиот проблем, ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот е неповратна“, рече Крмов.

Според пратеникот, Собранието со новиот Деловник на еден начин се самоукина, затоа што како што кажа повеќе нема да постои опозиција која ќе може да ги блокира лошите закони.

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на таа седница со чевел удираше печат на амандманите. Двајцата пратеници со своите постапки го прекршија етичкиот кодекс на Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...