Демократскиот сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани

Date:

Демократскиот сојуз (ДС) ги осудува политички мотивираните протести поради наводно скратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница, се вели во денешното соопштение на ДС.

Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и политичко влијание, посебно на студенти блиски до партиите од власта, велат од Демократскиот сојуз.

„Демократски сојуз потсетува дека македонскиот јазик е државен – службен јазик во Македонија. Се разбира, албанскиот јазик е исто така во службена употреба и етничките Албанци ги уживаат сите права според Уставот за негово користење.  ДС потсетува дека студентите, повеќето Албанци своите студии ги завршиле на мајчин албански јазик. Но, во правосудството е од исклучителна важност, обвинителите, судиите и адвокатите, да го владеат македонскиот јазик кој е лингва франка, заеднички јазик на разбирање на сите етнички заедници во Македонија. Дополнително, меѓународната пракса и препораките од Венецијанската комисија одат во прилог на употреба на еден заеднички јазик во правосудството и тоа на никаков начин не ги нарушува правата на другите етнички заедници“, велат од ДС.

Партијата ја охрабрува Владата „да не подлегнува на политички притисоци и да истрае во пронаоѓањето решение за полагање правосуден испит кое ќе биде уставно, а нема да ги нарушува правата на етничките заедници, но исто така со иста тежина на испитот како и за другите студенти“.

„ДС истовремено потсетува дека на сите етнички заедници, вклучително и на Албанците, им е загарантирана одбраната на мајчин јазик во процесите пред судовите во Македонија. Јазикот е средство за разбирање, а никако за конфронтација. Без разлика на сѐ, во државната и во локалната администрација мора да се знае македонскиот јазик не нарушувајќи го правото на помалите етнички заедници да го негуваат и користат и својот мајчин јазик“. велат од ДС.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во...

Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб...

MACEDONIAN CENTURIES LONG SPIRITUAL TREASURE (16)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN According...

Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети за напади врз Украина

Украина и Русија продолжија со напади во текот на...