Брус Вилис и Деми Мур некогаш биле најзгодниот пар во Холивуд. Тие биле успешни и имале прекрасно семејство. Нивната врска брзо се развивала и заедно од нивниот брак добиле три деца.

Меѓутоа, во 2000-те објавиле дека се разведуваат по 13 години брак. Спротивно од популарното верување, во нивниот брак не било сè толку магично.

Љубов на прв поглед

Во далечната 1987 година Брус Вилис и Деми Мур налетале еден на друг на премиерата на еден филм. Деми се присетува:

„Рече: Мислам дека треба да се венчаме. Се шегувавме, секако, но одеднаш не ми изгледаше како тој целосно да се шегува“.

Деми напишала многу книги во кои открила детали од својот живот

Во своите мемоари од 2019 година „Inside Out“, Деми Мур искрено ги споделила своите лични борби, детството и врските, вклучувајќи го и бракот со еден од најпознатите мажи на планетата – Брус Вилис. Таа детално ја открила нивната љубовна врска, како и тоа како почнале да се забавуваат и како одлучиле да се венчаат.

Деми и Брус набрзо станале семејство

Деми и Брус биле целосно лудо вљубени еден во друг. И двајцата биле подготвени да основаат семејство, така што Деми забременила само четири месеци откако се запознале, поточно на првата брачна ноќ. Имаат три прекрасни ќерки – Румер, Скаут и Талула. Набрзо потоа кога Деми одлучила да се врати на работа, Брус имал други идеи.

Сакал да ја контролира

Деми била подготвена да се врати на големото платно, но Брус имал различно мислење. Сакал таа да остане дома и да биде мајка, а со текот а времето велел: „Ова никогаш нема да успееш да бидеш доколку работиш“.

Без оглед на неговите желби, Деми добила неколку понуди и повторно започнала да работи. Таа во книгата напишала дека била измачена – дека тој премногу бил напорен и дека ја контролирал, а таа била бунтовничка која давала отпор.

Се обидела да ги поправи работите

Брус ја отежнувал работата, инсистирајќи дека не може и да работи и да биде родител. Деми се обидела тоа да го изведе одведувајќи ги своите ќерки на сетови од филмовите и приспособувајќи го распоредот за да биде и со својот сопруг. На крај, Брус одлучил дека повеќе не сака да биде во таков брак. Не можел да го поднесе вниманието кое таа го добивала.

Се сомневала дека не ѝ е верен

Актерката се присетува: „Сакаше семејство, но исто така сакаше и возбудувања. Во суштина сакаше да прави тоа што го сака. Имаше 36 години, покрај тоа беше славна личност и имаше пари. Математиката е едноставна. Што и да правеше тоа вклучуваше и одење во кревет со други жени. Барем така се сомневам“, изјавила актерката.