Дел од осомничените за нападот во Москва признале вина

Date:

По нападот во концертна сала во Москва, судот испрати четворица осомничени во притвор. Според извештаи на медиумите, дел од нив признале вина.

Најмалку двајца од четворицата осомничени кои се одговорни за нападот во концертната сала во близина на Москва, ја признале вината пред руски суд, пренесуваат руската новинска агенција Интерфакс и агенцијата АП, повикувајќи се на судски извори. Судот, како што се вели, наредил сите четворица осомничени, на возраст од 19, 25, 30 и 32 години, да останат во притвор до 22 мај. Мажите, кои дошле од Таџикистан, се обвинети за терористички напад со смртни последици. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживотен затвор. Руските медиуми претходно објавија дека тројца или сите четворица осомничени признале вина.

Осомничените со знаци на измачување

Обвинетите, со јасно видливи модринки, отоци, гребнатини и рани, вчера (24.03) беа донесени во судот во Москва од страна на маскирани припадници на безбедносните сили и беа ставени во стаклени кафези. Состојбата на мажите покрена прашања дали тие можат слободно да зборуваат. Најмладиот осомничен беше донесен во судот во инвалидска количка директно од болница. Тој седеше со затворени очи во текот на целото рочиште и за него се грижеа болничари. Осомничениот носеше болничка наметка, а на него беа видливи неколку рани. Се чинеше и како да му недостасува око. Вистинското сослушување, како што јави агенцијата Тасс, се одржало зад затворени врати.

Пред судското рочиште, на интернет беше објавена видео снимка на која наводно се гледа како уапсените мажи биле мачени, а на еден од нив дури и му е отсечено увото. Засега не можно да се потврди од независни извори дали снимките се автентични.

Бројот на повредени се искачи на повеќе од 180

Вооружени напаѓачи во петокот вечерта (22.03), пред почетокот на концертот на руската група „Пикник“, упаднаа во концертна сала во „Крокус сити хол“ во Москва и неселективно пукаа кон посетителите. Покрај тоа, тие подметнаа и пожари. Според официјалните информации, во нападот загинале најмалку 137 луѓе, од кои многумина од труење со чад. Има и голем број повредени. Министерството за здравство објави дека бројот на повредени е најмалку 182. Четворицата осомничени беа уапсени во текот на викендот, во руската погранична област Брјанск, и беа однесени во Москва.

Русија гледа „украинска трага“ и покрај признанието на ИД

Одговорноста за нападот ја презеде огранок на терористичката милиција Исламска држава (ИД). Сепак, руското раководство гледа и вмешаност на Украина, против која Русија води војна повеќе од две години. Рускиот претседател Владимир Путин, без да презентира докази, тврди дека сторителите сакале да побегнат во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...