ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (38)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ

Во жестоките војувања во планинскиот регион северно од Кабул, а особено во освојувањето на Аорнос, Александар ја покажа сета своја величина. Неговата генијалност можеби најдобро може да се види во последната борба на бојното поле кај Хидасп, кога се сретна со сосема нов проблем, односно со многуте слонови на Порус.

Неговиот стратешки гениј се виде уште во почетокот на реализацијата на планот за азискоатичкиот поход, според кој, за сметка на тешката ситуација во Античка Грција, тој реши со својата копнена војска прво да ги освои медитеранските морски брегови на Персиската империја, со цел да ја елиминира супериорната персиска флота.

Се виде со каква упорност и наспроти сите искушенија како го исполни тој план, се’ до освојувањето на Египет, и како всушност стана господар на морето.

Кога ја поведе својата војска во внатрешноста на Азија, се соочи со нови проблеми. До реката Еуфрат со нападот на десетте илјади беше исчистен просторот, а Ксенофон по него го приближи античкиот грчкиот свет на Исток. Она што беше зад реката Еуфрат беше сосем непозната земја.

Така, тоа беа мистериозни растојанија каде што Александар ја поведе војската, совладувајќи ги сите природни пречки, преку снежната планина Хинду-Куш и преку широките реки, а на крајот низ Пенџаб до Хифас, каде што моралот на единиците опадна и тој се врати назад.

Меѓутоа, во неговите патувања немаше никаков авантуризам. Од една страна, секогаш и од почетокот се обидуваше да добие однапред информации за туѓата земја што сакаше да ја освои, се грижеше колку беше можно повеќе да биде известен од своите шпиони за политичките, воените и месните услови, а како резултат на тоа влегуваше во сојузништво со одделни владетели преку вешта дипломатија, како пред индискиот поход, или испраќаше истражувачи кои испитуваа, како пред арапската експедиција.

Од друга страна, пак, Александар никогаш не напредуваше без да ја заштити заднината. Походот кон Дунав и казнениот однос кон Теба можат да се сметаат како предупредување преземено за да ја заштити заднината за азискоатичкиот поход.

Кога потоа го изврши првото освојување во Азија, веднаш започна да ги заштитува освоените територии од воен аспект и да обезбедува мир и ред со административни мерки.

Подоцна, кога навлезе во срцето на Азија и во повеќе оддалечени земји, го следеше истиот принцип и така, и покрај големата оддалеченост, никогаш не ја загуби врската со својот дом. Само еднаш кај Ис, поради необичноста на настаните, беше отсечен од својата база на операциите, но сепак за неколку часа се проби надвор од опасната ситуација.

Неговиот систематски метод го докажува и тоа што одреди на неговата војска од Античка Македонија и Античка Грција постојано доаѓаа на Далечниот Исток според неговите директиви.

Тоа единствено беше можно, бидејќи тој промислено и највнимателно изгради систем за наредните етапи. Без вакви мерки не ќе можеа да се постигнат неговиот успех и триумф на толкави далечини, на што сегашните воени експерти се одушевуваат повеќе отколку на неговите битки.

За несреќа, нашите информации за неговиот етапен систем се исклучително оскудни, бидејќи древните извори очевидно не знаеја ништо за тоа. Затоа повеќе мора да се претпостават отколку да се опишат патиштата на војската.

Од многуте воени и административни мерки што ги преземаше на освоените територии, може да се претпостави дека повеќето служеле за привремените и постојаните потреби на војската. Од 330 година па наваму Екбатана може да се смета како централно место на овој систем.

Тоа беше таму каде што го остави Парменион со силната војска и со кралското богатство. Природно, тој исто така согледа дека треба да се изградат депоа за храна, а понекогаш се споменуваат и магацини на воените патишта.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...