ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Делото „Праисторија на Централниот Балкан“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана“. Потоа истото дело под наслов “The Balkans and Macedonia” од Антоније Шкикљев – Дончо од Белград, Славе Николовски – Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто, е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2014, на 300 страници на англиски јазик, додека македонската верзија под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“ од Анто-није Шкокљев-Дончо, Славе Катин и Георги Бранов (од Канада), исто така е публикација на „Македонска искра“, Скопје, 2019, на 350 страници. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија
Делото „Праисторија на централниот Балкан“ е објавено под нас-лов „The Balkans and Macedonia“(Бал–канот и Македонија) чиј автори се академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград, Славе Николовски – Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто и тоа дело е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, на англиски јазик.
Во нив, меѓу другото, се вели дека за многу историографи вообичаено е „егејската култура“ да ја нарекуваат „хеленско историско чудо“, кое, според нив, почнува во осмиот век пред Христа. Од тој „архајски период“ можеме да ги датираме најстарите написи на грчки јазик кои служат како пишани извори. Особено значење имаат делата на античките историчари кои ни даваат помалку или повеќе поврзан приказ на настаните од античката историја на Грција.
Тоа се Херодот, Тукидид, Ксенофон, Полибиj, Диадор, Паусанија, Стработ, Ератостен, Посејдониj и Плутарх. Современи писатели-хеленисти се Томсен (Thomsen), Томсон (Thomson), Вилкен (Wilcken), Блеген (Blegen), Вентрис (Ventris), Чедвич (Chadwich), Робертс (Roberts), Борза (Borza), Хамонд (Hammond), Папаставроу (Papastavrou), Папазоглу (Papazoglu) и многу други.

Затоа се вели дека светската наука со векови се бави и со енигмата на „грчкото историско чудо“ и не пронашла соодветни објаснувања за настанокот на тој феномен. По ова прашање постојат спротивставени ставови за минатото, бидејќи оној кој го контролира минатото, безобѕирно тежи да ја диктира и иднината.
Бидејќи во Европа денес не живееме во тоталитарни времиња, ќе се направи обид да се објасни тоа фамозно „хеленско чудо“ врз основа на аргументите од современите науки, пред сè на лингвистиката и археологиајта, со еден епистемиолошки пристап.
Меѓутоа, надвор од границите на историјата, наидуваме на настани од неисцрпната ризница на грчките митови и легенди, од херојските епови „Илијада“ и „Одисеја“ кои до нас дошле под името на Хомер. Тука се и делата на Хесоид од Аскра во Беотија, авторот на „Дела и денови“ и „Теогонија“.
Светската наука со векови се бави и со енигмата на „грчкото историско чудо“ и не пронашла соодветни објаснувања за настанокот на тој феномен. По ова прашање постојат спротивставени ставови за минатото, бидејќи оној кој го контролира минатото, безобѕирно тежи да ја диктира и иднината.
Објави:
Во врска со промовирањето на ова дело треба да се забележи дека во порталот „Македонска нација“ од јануари 2020 година се објавени шеесет и две (62) продолженија под наслов „Балканот и Македонија од книгата „Праисторија на Централниот Балкан“, а поголем број се објавени и во „Македонско сонце“. Во 2025 и 2026 годија во порталот Мактел од Сиднрј се објавени ѓеесет и две (62) продолженија од делото
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





