ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Обемното дело „Македонски иселенички меридијани“ (2017), „Матица македонска“ и Матица македонска“ од Скопје, на 592 страници, на македонски, е плод на авторовото повеќегодишни истражувања, патувања и континуирано следење на оваа доста суптилна, многузначна и актуелна повеќедецениска и интерконтинентална тема.
Делото е еден вид алманах посветен на дел од Македонци, чии корени се од сите делови на македонската земја, а кои го обележале своето време во христијанството како религија на Македонците во Австралија, Канада, САД, Европската Унија, етничка Македонија и во печалбарска Преспа. Рецензенти на делото се; Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Срефан и проф. д-е Вера Стојчевска-Антиќ.
Во книгата се објавени имињата на над 150 познати и признати иселеници, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изград-бата на Македонската православна црква од нејзиното конституирање до денес, како и дваесеттина текстови за иселеништвото и МПЦ-ОА. Застапени се академици, научници, писатели, новинари, пиблицисти, донатори, хуманисти, патриоти, носталгичари и вљубеници во Македонија. Нивниот број би можел да биде многу поголем.
Брojноста на имињата на луѓето објавени на страниците на делото „Македонски иселенички меридијани“ покажува дека тие себеси се вградија во темелите во историјата на македонското иселеништво и на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црков-ните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации во иселенишките земји ширум светот.
Делото е поделено на осум поглавја и тоа на: делови во кои се опфатени личности кои се дел од вистината за христијанството во Македонија, потоа на личности кои се дел од македонската вистина во иселеништвото – во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија и печалбарска Преспа.

Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.
Промоции и објави:
На 17 мај, 2017 година во салата на Катедралната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, се одржа промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“, издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје.
За делото зборуваа Драгица Димовска, уредник и водител на Македонското радио час „Обединета Македонија“ и Тодор (Тони) Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, а присутните ги поздрави генералниот конзул на Република Македонија во Канада, д-р Јовица Палашевски.
Исто така на 22.08.2018,година на Книжевна средба во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“, во Охрид. На средбата д-р Томе Груевски претстави дел од содржината на делото „Македонски иселенишки меридијани“
За личности од Македонија и од дијаспората се објавени триесет и седум (37) про-долженија во веб-порталот „Македонска нација“ од 19 ноември 2014 до од 21 септември 2016, (на македонски), како и шеесет (60) продолженија во „Мактел“ и „Политекон“ во Сиднеј, „Македонски збор“ од Детроит, „Македонско сонце“ и во порталот на Матицата на иселениците од Македонија.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





