Делела наркотици со татко ѝ, додека нејзиниот брат починал од предозирање

Date:

Брилијантната актерка која веќе пет децении се појавува во многу блокбастери, водела сериозна борба со зависноста.

Во текот на нејзината долга кариера, заштитен знак станува нејзината фризура која не ја менувала, односно постојано ѝ е кратка.

Меѓутоа, приватниот живот на Џејми Ли Кертис го одбележале бројни издигнувања и падови и контроверзни приказни. Славната актерка низ годините била зависна од таблети против болки, на кои се навикнала после една неуспешна естетска интервенција.

После сѐ, актерката се осврнала на овој период и коментирала дека за неа било ужасно искуство што воопшто отишла на естетска операција на отстранување подочници.

После интервенцијата, првенствено поради болки, а подоцна од навика, почнала да консумира таблети, но и премногу алкохол.

„Зависна бев во два наврати – првпат поради болки, вторпат поради срам затоа што бев зависна“, признала своевремено актерката.

И семејството на актерката се соочувало со огромни проблеми кога била зависноста во прашање, па така татко ѝ консумирал наркотици. Покрај тоа, Џејми доживеала огромна трагедија кога нејзиниот брат починал на 23 години, како последица на предозирање со хероин.

„Знаев дека татко ми има проблеми, а и јас ги имав, па ја делевме дрогата. Постоеја моменти кога јас бев единственото дете кое сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, сега имам пет. Мојот брат Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 23 години“, изјавил Ли Кертис во една прилика.

Додека ја водела борбата со проблемите со зависност, ја криела дрогата од сестрите и браќата кои ја контролирале.

Иако поминала низ тешко животно искуство и големи лекции кога починал нејзиниот брат, тоа не променило никакви навики кај неа.

Меѓутоа, години подоцна сфатила дека е деструктивна за своето семејство и дека се уништува себеси, па одлучила да се лекува од проблемите со зависноста.

Како што своевремено раскажала актерката, она што ѝ помогнало да се извлече и што ја трогнало била забелешката на нејзината осумгодишна ќерка дека мајка ѝ никогаш не е тука за неа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ким Кардашијан шокираше со ѓерданот на принцезата Дијана на гала вечер

Ким Кардашијан , во саботата, присуствуваше на хуманитарниот настан...

Хајди Клум за врската со 16 години помлад сопруг: Имаме многу добар секс

Хајди Клум (51) откри ретки детали од возбудливиот љубовен...

Марта Стјуарт тврди дека Рајан Рејнолдс не е смешен во реалниот живот

Марта Стјуарт тврди дека актерот Рајан Рејнолдс, кој и...

Лијам Пејн ќе биде погребан следната недела: Телото наскоро пристигнува во Британија

Погребот на Лијам Пејн наводно треба да се одржи следната...