Девојче од Австралија на возраст од 8 години се бори за живот, откако падна во море каде во моментот имаше големи бранови. Девојчето онесвестено и носено од брановите за малку ќе завршеше во карпите, но по неа скокна нејзиниот татко, а на помош дошле и неколку луѓе.

Таткото и уште едно лице ја држеле главата на онесвестеното девојче над водата, по што ја легнале на душек. На крајот со џет ски пристигнала спасувачката служба, а девојчето го ставиле на даска и почнале со реанимација.

Конечно, таа била однесена на брегот, каде што со хеликоптер ја пренеле во детската болница во Јужен Бризбејн.

Таа е во критична состојба и се уште се бори за живот, пишуваат австралиските медиуми.