Есра Хејнс (13) доживеала срцев застој откако вдишила дезодоранс додека престојувала кај пријателка, каде што спиела во текот на велигденскиот продолжен викенд во Мелбурн, Австралија.
Сега, уништените родители на Есра, Андреа и Пол Хејнс се присетија на кошмарниот момент кога добиле повик: „Дојдете и земете ја ќерка ви“, пишува „Дејли мејл“.
Кога пристигнала дома, полицијата и болничарите упорно се обидувале да ја реанимираат.
Набргу по пристигнувањето во болница, Есра била ставена на апарати за одржување во живот, каде што останла до нејзината смрт, осум дена подоцна.
„Мислевме дека ќе ја донесеме дома. Се уште имавме надеж, не размислувавме за најлошото“, рекле родителите.
Иако родителите на Есра биле оптимисти дека нивното девојче ќе закрепне, снимките откриле дека Есра претрпела неповратно оштетување на мозокот.
Родителите биле принудени да донесат болна одлука да и го исклучат апаратот за одржување во живот на Есра и им било кажано да ги донесат пријателите и семејството за да го кажат последното збогум на тинејџерката на смртна постела.
„Ја ставија на кревет за да легнеме со неа, ја галевме додека не заврши“, рекол уништениот татко Пол.
Загрижувачкиот тренд на консумирање на бои на база на хром и други хемикалии за домаќинствата, вклучително и дезодоранси, па дури и спрејови против инсекти, ги одзеде животите на повеќе од 10 млади Австралијци од 2009 година.
Андреа и Пол сега се обидуваат да помогнат во едуцирањето на децата за ефектите од вдишувањето на опасните хемикалии и да спречат смртни случаи како на нивната Есра.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]