На сплавот Фристајлер кој имаше инцидент за новогодишната ноќ, имало и девојка од Македонија.

Таа дала една од изјавите за Блиц.рс, но во текстот не е наведен нејзиниот идентите. Таа ја раскажала својата приказна, како се случило да остане без својот мобилен телефон.

 

Имено, како што пишува овој српски Една девојка која дошла од Македонија во Белград, вели дека отишла во тоалет само неколку минути пред поплавата.

– Никогаш не се случило да заминам во тоалет без мојот телефон, но еве сега се случи, ја понесов само чантата. Кога се вратив, телефонот го немаше, но ми рекоа дека луѓето се качувале на масите и дека најверојатно телефонот ми паднал во вода – кажала таа за Блиц.рс.

Колегите од Блиц пренесуваат и други приказни.

 

„Пред мене видов едно момче како оди, и по секој втор чекор застанува и се наведнува. Мислев дека е болен, но всушност, собираше евра што на луѓето им испаѓаа додека бегаа“.

Ова се зборовите кои за „Блиц.рс“ ги кажал млад човек кој дошол со своите пријатели на белградскиот сплав „Фристајлер“ за новогодишната ноќ, а кој почнал да тоне само десет минути по полноќ.

Според него, кога сплавот почнал да тоне, во почетокот никој не знаел што се случува.

На ВИП штандот започнал хаос

– Еден дел од луѓето побегнале, бидејќи виделе дека другите бегаат, а само во задниот дел, каде што се кабините на ВИП знаеле што се случува бидејќи тој дел од сплавот прв почнал да тоне. Пишував пораки, а поради гужвата не можев ни да видам дека водата е под мене. Кога луѓето почнаа да си одат, мислев дека од масата се излеале пијалоци и затоа е влажна, но набрзо, водата почнала се повеќе да навлегува во зградата – раскажува детали од драмата на сплавот.

Како што аагонијата продолжувала, тој им рекол на пријателите да побегнат и да трчаат кон излезот каде во тој момент имало многу луѓе.

– Сите се упатија кон излезот, а преку микрофонот некој само рече да не се паничи. Бев меѓу последните што си заминав, бидејќи на сите околу мене им кажував да одат кон излезите и да побегнат, затоа што имаше и пијани луѓе кои не биле свесни што се случува – раскажува младиот човек.

Според неговите зборови, девојките не можеле да одат, паѓале и боси трчале низ водата која била полна со стакло.

Да потсетиме, траги од крв вчера беа забележани и на тротоарот пред сплавот, а беше потврдено дека две девојки побарале помош бидејќи си ги исекле стапалата.

Момчето за Блиц.рс раскажало и дека гостите на клубот скокале преку масите и уривале се пред себе.

– За само неколку секунди настана целосен хаос. Се враќаа поединци и влегуваа во гардеробата што стои веднаш кога ќе влезеш во сплавот од левата страна, им ги срушија јакните, извадија се што можеа… Се фатија околу јакните и гардеробата. Насекаде имаше крв. А на сплавот до него трубачи како ништо да не се случува – раскажува детали од драмата во која имало и бизарни моменти.

Како што тврди, „пожарникарите воопшто не можеле да дојдат до сплавот бидејќи имало премногу луѓе на улицата“.

– За среќа полицијата помина покрај шеталиштето, па брзо стигна. Чекавме околу 3, 4 часа, со надеж дека ќе земеме јакни, но потоа еден од вработените ни рече дека подобро е да одиме, бидејќи е забрането да се качиме на сплавот. Најважно ми беше што клучевите од колата, парите, документите ми беа во џебовите, се друго не ми беше толку важно, па ќе си купам нова јакна – ни вели.