Двојни или одвоени избори? – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на различни позиции

Date:

Нема никаква логика да се трошат пари за изборите да се одржат одвоени кои ќе ја чинат држава дупло повеќе отколку тие да се одржат во еден термин. Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој посочи дека и во минатото кога изборите биле блиску, датумот на нивното одржување се спојувал и тоа само поради економски и практични причини.

„Само за месец и пол до два, толку е разликата помеѓу претседателските и парламентарни избори, нема логика да се трошат дупло средства, дупло да се ангажираат избирачки одбори. До денес не добивме ни еден кредибилен одговор на нашите прашања зошто за Македонија е подобро да потроши дупло пари и да е 6 до 7 месеци замрзната со своите активности за да спроведе два изборни циклуси“, вели Александар Николовски.

Околу одржувањето на изборите од СДСМ остануваат на ставот дека тие ќе се одржат во нивните редовни термини најпрво претседателските па потоа парламентарните.

„Во делот на одржувањето на претседателските и парламентарните избори, многу често го кажуваме нашиот принципиелен став дека прво ќе бидат редовните претседателски избори, а потоа редовните парламентарни избори. Секако дека сме отворени за разговарање за точниот датум. Очекуваме да има работни групи во Собранието, каде опозицијата ќе номинира свои членови и ќе го утврдиме точниот датум на одржување на изборите“, порачаа од СДСМ.

Мицкоски рече дека работни групи во Собранието веќе разговарале, но само околу измените на Изборниот законик за препораките од ОБСЕ ОДИХР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА (47)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...