Две самоубиства за еден месец во затворот во Куманово

Date:

За настанот, како што информира директорот на затворот во Куманово, се известени обвинителството и судот

Во кумановскиот затвор во својата притворска ќелија бил пронајден мртов мажот кој во септември лани со 40 убоди од нож усмрти 46-годишна жена од Кочани.

Информацијата ја потврдил директорот на затворот во Куманово, Ненад Цветковиќ.

Безживотното тело на мажот било пронајдено околу 6 часот. За настанот, како што информира Цветковиќ, се известени јавното обвинителство и судот, а телото е дадено на обдукција.

Педесет и деветгодишникот со иницијали У.Р. беше осуден на доживотна казна затвор по стореното убиство.

Доживотен затвор доби мажот кој со нож избоде жена во Кочани.

Пресудата на Основниот суд во Кочани сè уште не е правослина бидејќи течат жалбените постапки.

Во еден месец ова е второ самоубство во овој затвор. Пред неполн месец се самоуби затвореник од Кумановско, осуден за убиство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...