Автомобил кој се запали на булеварот „Трета македонска бригада“ претходно се судрил со друго возило, по што се превртил и избил пожар, соопштија од МВР.
Во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Трета македонска бригада” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел”, управувано од Д.Т.(52) од Скопје и патничко возило “фолксваген”, управувано од Р.К.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, при што во возилото “опел” настанал пожар, известија од МВР .
Во незгодата двајцата возачи се пренесени во болница, каде им се констатирани телесни повреди. Увид врши увидна екипа на СВР Скопје.
Две лица се повредени откако се запали автомобил во Скопје
Date: