Двејн Џонсон со урнебесна маска за Божиќ: Се потсети како изгледал во деведесетите

Date:

Актерот Двејн Џонсон се потсети на своето легендарно модно издание од деведесетите и одлучи да се маскира во самиот себеси за Божиќ. Видеото со урнебесната маска привлече повеќе од 60 милиони прегледи.

Всушност, 51-годишниот актер сподели видео на Инстаграм во кое копира едно од неговите модни изданија што поради неговиот необичен изглед стана вирално на социјалните медиуми. Станува збор за неговата модна комбинација од 1994 година, која и денес предизвикува бројни смешни реакции.

Во видеото со кое го честита Божиќ, актерот носеше црна ролка со долги ракави и тексас фармерки, кои ги комбинираше со златно синџирче и црна чанта. Носеше и перика со која ја копираше неговата поранешна фризура.

Самото видео е прегледано повеќе од 60 милиони пати, проследено со позитивни коментари од неговите колеги и обожаватели.

„Колку голема ѕвезда треба да бидеш за успешно да носиш маска од себе?“;  „Иконично“; „Благодарам што ги врати спомените од 90-тите“, се само дел од коментарите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Втора лига: Водечките потфрлија, важни победи за Вардар Неготино и за Победа

Изненадувачки резултати донесе 26. коло од Втората фудбалска лига...

Копа дел реј е за Барселона, „кралевите“ немаат лек за каталонскиот гигант оваа сезона

Барселона продолжува да му набива комплекс на Реал Мадрид...

СИН И МАЈКА ОД ГЕВГЕЛИЈА КРИУМЧАРЕЛЕ МИГРАНТИ

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија...

Се потешко се покриваат основните трошоци во Македонија

Што ќе има од овошје и од зеленчук, какви...