Двејн Џонсон и Опра Винфри со помош за жителите на Хаваи: Донираа 10 милиони долари

Date:

Актерот Двејн Џонсон (51) и позната водителка Опра Винфри (69), основаа фонд за уплата на директни средства, за помош на жителите на Хаваи, кои ги загубија своите домови во пожарите на островот Мауи, пишува „Ен-би-си њус“.

Народниот фонд „Мауи“, има за цел да врши месечни исплати од 1.200 долари на илјадници жртви од шумските пожари што го зафатија островот овој месец.

Двете познати личности веќе донираа 10 милиони долари за да го започнат собирањето на средствата, а во видеото кое го споделија на своите Инстаграм профили тие бараат дополнителни донации од јавноста.

„И во најтешките времиња, луѓето од Мауи се здружуваат и ние се креваме – тоа е она што не прави посилни“, рече Двејн.

Парите се наменети да одат за сите возрасни, чии домови беа уништени од пожарите во Лахаина и Кула на Мауи. Помош имаат сопствениците и изнајмувачите на станови, но не и на сопствениците кои не живеат во објектите што се уништени од пожарите.

„Луѓето ќе можат сами да одлучуваат, за тоа што им треба ним и на нивните семејства – тоа е нашата цел“, додаде Опра.

Според полицијата, официјалниот број на загинати е 115, но многумина се водат како исчезнати три недели од почетокот на пожарите.

Инаку, Опра повремено престојува во Мауи, а Двејн како дете живеел на Хаваи и има делумно самоанско потекло.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...