МВР дејствувше на пожарот во реонот на с.Белица, Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, пријавен во текот на вчерашниот ден, со кој беше зафатена нискостеблеста шума, трева и грмушки.

Со координација на Центарот за управување со кризи во гаснење на пожарот, покрај екипата пожарникари на ТППЕ Македонски Брод и на ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“, како и авион на ДЗС, поради опасност од ширење на пожарот на борова шума, во непристапен и карпест терен, на помош беа повикани да интервенираат и два хеликоптера на МВР од Одделот за воздухопловни единици, од типот Бел-212 и Бел-412, кои што со противпожарното ведро, со кое се опремени, во повеќе наврати исфрлија преку 30 тона вода и придонесоа за локализирање на пожарот.