По Џокер, кого наскоро ќе го гледаме во кината, и Пингвинот, чија приказна може да се следи во серијата на HBO The Penguin, двајца нови негативци на DC се во центарот на вниманието, пишува The Hollywood Reporter.
Студиото DC, предводено од Џејмс Ган и Питер Сафран, работи на филм за Бејн, антагонистот на The Dark Knight Rises и Детстроук (Deathstroke), негативецот од стриповите за Бетмен.
Сценариото за филмот моментално го пишува Метју Ортон, сценарист на претстојниот Captain America: Brave New World. Проектот моментално нема режисер.
Бејн е негативец создаден во раните 1990-ти од писателот Чак Диксон и уметникот на стрипови Греам Нолан. Популарниот маскиран негативец е роден и израснат во затвор на измислен карипски остров, каде што ги усоврши своите борбени вештини и научи да се движи низ криминалното подземје.
Бејн стана популарен откако се појави во стрипот Batman: Knightfall, во кој му го скрши грбот на Бетмен. Еден од најпознатите прикази на Бејн се појавува во филмот The Dark Knight Rises, во кој го играше Том Харди.
Детстроук е создаден од писателот Марв Волфман и стрип артистот Џорџ Перес. Еден од најпопуларните негативци на DC првпат се појави во 1980-тите, кога се бореше со Тинејџерските Титани. Подоцна станува ривал на Justice League и Бетмен и добива свои стрипови. Во филмските адаптации во режија на Зак Снајдер, го играше Џо Манганиело.
Сценаристот на претстојниот филм на DC се прослави со трилерот Operation Finale од 2018 година, со Оскар Ајзак и Бен Кингсли во главните улоги. Покрај тоа, тој работеше на сериите Devil’s Peak и Moon Knight и на претстојниот трилер Cleaner, со Дејзи Ридли во главната улога.