Двајца клучни играчи од вчера се во стројот на селекторот Александар Јончевски на подготовките на македонската кошаркарска репрезентација за престојните претквалификации за Олимписките игри во Париз.

На тренинзите во салата СРЦ „Кале“ се и капитенот на репрезентацијата, Војдан Стојановски и повратникот Ненад Димитријевиќ.

Не е сѐ идеално во составот, на повреда на ногата се пожали Виктор Ефремоски. На негово место Јончевски одлучи да го повика Марко Миловановиќ.

Македонија за противници во Талин ќе ги има селекциите на Чешка, Израел и Естонија.