Двајца „битлси“ ѝ се придружија на Доли Партон за нова верзија на Let It Be

Date:

Пол Макартни и Ринго Стар, двајцата живи членови на легендарниот бенд „Битлси“, повторно се обединија за преработка на нивниот класик од 1970 година, Let It Be, која ќе се најде во претстојниот рок албум на Доли Партон.

Кантри ѕвездата изминатиот викенд ја објави новата верзија на Let It Be, дел од албумот „Рокстар“ кој треба да излезе во ноември. На снимката, Макартни пее и свири пијано додека Стар удира на тапани.

На соработката се приклучија и двајца други музичари: Питер Фремптон (гитара), и Мик Флитвуд од бендот „Флитвуд Мек“ (ударалки).

„Мислам, сериозно, може ли подобро од ова?“, напиша таа на социјалната мрежа X, поранешен „Твитер“.

Албумот „Рокстар“ е инспириран од приемот на Партон во Куќата на славните во рокенролот минатата година. Има девет оригинални песни и 21 преработка со ѕвезди соработници, вклучувајќи ги Елтон Џон, Мајли Сајрус, Стиви Никс, Деби Хари, Џоан Џет и Крис Стејплтон.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...