Да не ја изградевме салата „Борис Трајковски“, ќе немаше каде да се одржи настанот, порача Груевски на Фејсбук

Date:

Експремиерот Никола Груевски преку објава на својто фејсбук профил нагласи дека да не го изграделе СЦ Борис Трајковски, Филхармонијата и да не овозможиле градба на спортската сала Јане Сандански во општина Аеродором, ќе немаше каде да се одржи посериозен настан од ваков тип, алудирајќи на министерсткиот совет на ОБСЕ кој два дена се одржува во Скопје. 

– Салата во спортскиот центар Борис Трајковски денес заврши добра работа за одржување на самитот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. Истата беше малку почната и подолго време заглавена, па кога дојдовме на власт од крајот на 2006 до 2008 година ја изградивме. Директор беше Борис Змејковски и заврши одлична работа. Експресно и квалитетно. Но, на Скопје му е потребен конгресен центар и секако саем, вели тој во својата објава. 

– Нашиот план беше универзалната сала во Скопје, која тогаш ја преименувавме во Конгресен центар Александар Македонски а новата власт го врати старото име, паралелно со реконструкцијата да се доизгради и да се прошири, да добие нови покрај големата реновирана и четири помали сали за помали настани до 200-300 луѓе и повеќе од 10 соби за средби и состаноци на делагациите и учесниците на настаните. За таа цел бев пратил стручна екипа да ја проучи содржината и функционирањето во конгресниот центар во Даблин, Р.Ирска, каде претходно и јас бев во еден релативно нов и модерен конгресен центар, на еден организиран политички настан на европско ниво, смета поранешниот премиер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...