Да не се одолговлекува, функционерските плати да се намалат брзо без дебати, бараат синдикатите

Date:

Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до Владата да не бара изговори за намалување на функционерските плати за 78%, туку да го примени веќе воспоставениот принцип, да го употреби европското знаменце, без широки консултации и без дијалог.

„Апелираме до Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за Одлуките на Уставниот суд како што тоа го направија за воведување на 72 часовната работна недела или пак сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административни службеници и да достави до Парламентот предлог на Законот со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78%“, велат од Сојуз на синдикатите на Македонија.

„Не е потребно многу време за да се направи измената на Законот, ССМ веќе достави предлог до пратениците кои молчат 3 месеци, а истото го предлагаме и на Владата, со што во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, член 11 се менува и гласи:

„Член 11

(1)Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика“, соопштува Сојузот на синдикатите на Македонија.

Оттаму укажуваат дека работниците живеат од плата без право на храна и превоз.

„Добро е што конечно функционерите како министерот за надворешни работи разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенифиции“, додаваат од ССМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...