ДАРИЈ ЈА ПОНУДИ СВОЈАТА ЌЕРКА ЕСТЕР НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (60)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ

Никој не би можел да претпостави дека со ограничувањето на државата до Еуфрат, античката грчка култура би се ширела на Блискиот Исток на поинтензивен и перманентен начин. Меѓутоа, без тоа не ќе имаше толку светска широка култура, чии траги можат да се најдат до Индија, па дури и до Кина.

Исто така, дали една јака персиска сила зад Еуфрат не би била постојана опасност за елинизираните на Блискиот Исток? Тешко е да се каже што можеше да се случи наспроти она што всушност се случи. Како и да е, овде може појасно да се согледа колкав беше решавачкиот ефект на желбата на Александар Македонски во сегашната истооија на светот.

Кога Александар Македонски настапи од Тир кон југ, наиде на отпор само на едно место, од стариот филистински фад во Газа, последниот голем крајбрежен град пред египетската граница, цврста тврдина на едно возвишение, што беше храбро и умно бранета од евнухот Бат со помош на набатеанските наемници.

Сé додека тешката опсадна техника не беше донесена од Тир и сместена на еден од вештачките бедеми и се додека не беа поткопани ѕидовите, Александар Македонски цели два месеца не успеа да го заземе градот.

Во текот на тој период Александар беше ранет во рамото. Бидејќи во градот немаше повеќе население, дел поради смрт а дел поради ропство, Александар Македонски донесе ново население од соседството и го преобрази градот во античка македонска тврдина.

Од Газа настапи долж брегот и за седум дена втаса до Пелузи, гранична тврдина на Египет, каде се сретна со својата флота. Неопходен дел од Александровиот стратешки план беше да го покори Египет, пред да навлезе во внатрешноста на Азија.

Иако главната опасност, што му се закануваше од персиската флота сега беше отстранета, кралот Агис од Спарта беше сé уште активен во поттикнувањето на војна против Александар Македонски.

Неокупираниот персиски Египет во неговата заднина би бил собирно место или засолниште за голем број немирни и непријателски елементи. Така пред да дојде Александар Македонски, Аминта, синот на Антиок, кој избега од бојното поле кај Ис со оние 8.000 антички грчки наемници, направи напор, иако без успех, да се утврди овде.

Битката кај Тир

Египет падна во рацете на Александар Македонски без борба. Намесникот Мазацес му ја предаде тврдината Мемфис со гарнизонот и богатството (800 таланти) а египетскиот народ го поздрави со радост како свој ослободител од персискиот јарем.

Повеќе од шеесет години, со разумност користејќи ги предностите на народот во Персиската империја, a co помош на голем број античка грчка наемничка војска и истакнати антички команданти како што беа Чабриј, Агесил и други, Египќаните успеаја да ја одржат слободата со своите национални фараони, наспроти персиската власт која започна со Камбис.

Десет години пред тоа Окус повторно го окупира Египет, го истера последниот местен крал Нектанебо II и му зададе смртоносен удар на египетскиот народ. Особено тоа се почувствува во нивниот религиозен живот, со воведувањето на новиот персиски закон со кој се дозволи пљачкање на египетските храмови.

Оттука доаѓаше омразата спрема персиската власт, a co задоволство и надеж беше примен Александар Македонски. Ни народот не беше разочаран од него. Александар Македонски беше како вистински Елин со својата голема толерантност кон боговите на туѓите народи со кои се среќаваше.

Многу порано античките Грци започнаа да ги идентификуваат туѓите божества со античките богови. Во древен Египет, особено главните богови на Египќаните, се идентификуваа со античките богови и тоа: Амон со Зевс, Осир со Дионис, Ис со Димитар, Хор со Аполон итн.

За Александар Македонски беше сосема природно да го покаже длабокото почитување спрема египетските богови. Тоа стана негова обврска и должност. Така, веројатно веднаш по влегувањето во Мемфис, беше признат од египетското свештенство како крал на Египет, a co тоа стекна право да принесе кралска жртва што имаше голема улога во државата.

Овој исклучиво важен настан не е спомнат во историските извори. Но, кажувањата за Александар Македонски потврдуваат дека во Мемфис тој беше поставен на престолот во храмот на Птах облечен како крал на Египет. Бидејќи овој извор е сомнителен, мислата на авторот би можела да биде прифатена барем како историска, зашто прифаќањето на кралската функција морало да има основа во некои официјални закони.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија У20 поразена од САД на тестот во Бугарија

Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со...

 Реал Мадрид бара од УЕФА да ѝ ги одземе титулите на Барселона!

Познатото досие што Реал Мадрид го подготвуваше во последните...

ПРИСТАП КОН СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Со...

Трамп бара од Израел и Иран веднаш да престанат со нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на итно запирање на...