Дански скијач нападнат од мечка кога се доближил до мечињата – детали за нападот на Шар Планина

Date:

Директорот на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ги обелодени деталите за нападот на мечка врз скијач од Данска, што се случи утрово на Шар Планина.

Како што објасни Ангелов, до нападот дошло околу 10.45 часот на местото наречено Јелак, при што мечката нападнала турист кој бил дел од 10-члена скијачка група, која одлучила да се движи надвор од скијачките патеки.

„Застанале покрај неколку елки да одморат, но во нивна близина се нашле две мали мечиња и веднаш скокнала мечка, која исплашена за своите мечиња нападнала еден од туристите гризнувајќи го за ногата по што побегнала“, рече Ангелов.

Повредениот турист бил префрлен во болницата во Тетово, каде што неговата рана била исчистена и санирана. По преврската, тој ја напуштил болницата.

Ангелов укажа дека во послената година има зголемен број пријави на Шар Планина за мечки. ЦУК ќе иницира неколку средби со раководството на Националниот парк Шар Планина, со цел да се изнајде решение со кое ризикот за планинарите од опасноста од средби со мечките ќе биде намалена.

Ангелов вели дека се работи за територија на која мечките природно припаѓаат, но целта е ваквите несакани појави кога мечка исплашена за своите најмали напаѓа човек да се сведат на минимум.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...